Вработените од техничкиот персонал од кумановската општа болница денеска мирно протестираа пред установата, барајќи доследно зголемување на платата од десет проценти како што е договорено. Тие се пожалија дека зголемувањето на платите воопшто несоодветствува со договореното зголемување од десет проценти. Дел од нив кажаа дека имаат зголемување од 90 па се 400 денари.
Во два наврати се зголемува платата од десет отсто, ние од техничката служба немаме такво зголемување. Лично имам 400 денари, некои пак имаат 50, некои воопшто, изјави Борислав Младеновиќ, болничар претставник на синдикат.
Вработените велат дека во други здравствени установи во Скопје, Тетово зголемување е видливо и изнесува 2.400 денари.
За нив е нејасна и т.н доплата до минималната плата.
Минималната е 20.150 денари. Само кумановската болница го смета минималецот 14.000 па исплаќа доплата. Незадоволни сме и не ни се исплаќа ниту празник, ниту недела, коефициентот не ни е зголемен, вели Валентина Мишевска, хигиеничар во болницата.
Мусли Иљази, болничар кажа дека добил 509, а претходно 390. За него нејасно е како се смета зголемување, зашто вели не е 10 проценти, туку помалку, некои добиле и 62 денари.
Со него се сложува и Менка Кузмановска, вработена во кујната, укажувајќи дека и покрај нејзините 40 години стаж, зошто има само доплата. Вработена е уште во 80-тите години од минатиот век.
Вработените кажаа дека без нивната работа не е можно функционирање на установата. Тие најавуваат дека ќе поднесат барања за регулирање на овој проблем до Министерството за здравство преку синдикалната организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.