Во јавниот сектор има ниски плати, најголем дел имаат основана плата околу минималната, а постои и огромно генерализирање дека сите во јавниот сектор не работат, што не е точно, потенцираше претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски во разговор за „Утрински печат“.
Има и министри кои велат дека вработени во јавен сектор замаат плата и клатат врата. Тоа е погубно да го кажуваат. Тие се тие што треба да ја организираат работата – вели Деаноски.
Тој потенцира дека во јавниот сектор има примери за многу одговорни професии, а каде платите се недостоинствени.
Еве, како пример да го земеме судскиот доставувач. Тој ниту има униформа, ниту ознака дека е судски доставувач, носи судска пошта за тешки кривични дела, за разни прекршоци, цел ден му довикуваат, го плукаат. Работи од 9 до 17 часот, без никаква заштита од судската власт и има плата 18.300 денари – револтирано кажа Деаноски.
Тој нагласи дека почна да се работи на нов Општ колективен договор за јавниот сектор и нагласи дека е недопустливо тоа што последниот бил поттпишан уште во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.