Постојат центри на моќ и политички партии и структури и во Бугарија, кои што не гледаат со симпатии кон решавање на спорот, вели поранешниот вицепремиер Васко Наумовски за „Радио Слобода Европа“.

Тој ги коментира ги последните пораки од источниот сосед. Притоа продолжува притисокот од меѓународната заедница за решавање на спорот.

Одбележувањето на 119 те години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев уште еднаш беше повод за бугарската страна да испрати пораки за спорот со Македонија кој ги блокира евроинтеграциите на земјава. Од друга страна, се засилува меѓународниот притисок за решавање на спорот за ввреме на француското претседавање со ЕУ и со тоа да се отвори патот за одржување на првата меѓувладината конфренција со Унијата со која и официјално би почнале преговорите за членство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.