Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски денеска, одговорајќи на новинарско прашање, рече дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека изборите ќе се одржат во 2024 година.

Според Каевски, СДСМ е на страната на граѓаните и носи реформски и важни закони, додека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на опструкциите и блокадите.

Да, тоа што го кажавте дека сме дијаметрално спротивни страни, да, тоа е така. Ние сме на страната на граѓаните и носиме реформски и важни закони, а ВМРО-ДПМНЕ е буквално на страната на опструкциите, блокадите и сака преку политички ситни поени да дојде и да добие некакви политички поени. Коалицијата е стабилна, парламентарното мнозинство е стабилно и како резултат на сето тоа, наредните парламентарни избори ќе бидат во 2024 година и ќе бидат редовни, рече Каевски на прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.