Да се назначува Темелко Ристески е врв на лицемерност, смета Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Самољубието на СДС во намерата за насилен процес за менување на Уставот, Бојан Маричиќ го бетонира денеска, кога во јавен настап во ист контекст ги употреби разумност и рационалност, со разговори со Темелко Ристески за уставни измени, пишува Стоилковски на социјалните мрежи.

Не помало омаловажување на интелигенцијата на Македонија се и имињата на лица “за општа употреба” како Нано Ружин, Соња Мираковски, Арбер Адеми или Цветанка Иванова.
Во време кога науката им го покажа местото и времето за потребата од ваков форум, да се турка агенда и притоа да се назначува име како Темелко Ристески, сепак е врв на лицемерноста.
Човекот којшто се прослави со договорот за дело вредно 9.384 евра од Одбрана за стискање лајкови и пишување статуси, но и со членството во комисијата за составување листа за помилување на затвореници.
Невозможно е со вакви луѓе да се гради консензус, едноставно е невозможно. Им беше понудена рака, барајќи во име на државата, пред да потпишат капитулација, и ја одбија!
Сега го седнале Темелко и очекуваат поддршка од опозиција и јавност.
Не е до Темелко, ниту до оние што прифатиле да бидат дел од таа шарада, повеќе од нив и не се очекува, туку до оние што ги именувале и очекуваат да им се верува.
Само избори се спасот!, пишува Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.