Владата и Општина Крушево потпишаа договор за соработка во областа на дијаспората.
Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи рече дека соработката согласно потпишаниот договор ќе се спроведе по пат на отворање на општински канцеларии кои ќе имаат посредничка улога и на граѓаните од дијаспората ќе им се овозможи полесен пристап до потребните информации и да им се даваат дополнителни упатства врз основа на нивните права и обврски во соодветните постапки пред надлежните органи за време на нивниот престој во матичната земја.
Исто така, денес и во наредните денови ќе се продолжи со потпишување на договори за соработка во областа на дијаспората и со други општини во кои претстои отварање на општински канцеларии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.