Доколку утре има предвремени парламентарни избори 21% од Македонците би ѝ го доверле својот глас на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За партијата на власт, пак, би гласале 12% од избирачите, пожауваат резултатите на теренската анкета што за потребите на ВМРО-ДПМНЕ ја спреведе агенцијата ИСПОС.
Ова е првпат анкетите да прикажуваат разлика од 9% во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Теренска анкета е спроведена од 6 до 20 декември врз примерок од 1023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.
Од албанските партии се уште највисоко котира ДУИ, со доверба од 7.2%, што е за 3.9% повеќе од девербата што ја ужива Алијансата на Албанците.
19.2% од испитаниците не знаеле за кого ќе гласаат, а 18.1% одбиле да одговорат на ова прашање. На предвремени парламентарни избори, пак, рекле дека нема да излезат 11.1% од испитаниците.
Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале?
ВМРО-ДПМНЕ 21%
СДСМ 12.5%
ДУИ 7.2%
ЛЕВИЦА 4.3%
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.3%
БЕСА 0.7%
ВМРО НАРОДНА 0.5%
ИНТЕГРА 0.4%
ЛДП 0.4%
ТВОЈА ПАРТИЈА 0.2%
АЛТЕРНАТИВА 0.3%
НДП-RDK 0.2%
ГДУ 0.1%
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ 0.1%
ДОМ 0.1%
ДРУГО 0.3%
НЕ ОДЛУЧИЛЕ 19.2%
ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ 18.1%
НЕМА ДА ГЛАСАМ 11.1%
Повеќе од половина од испитаниците не се задоволни од работата на премиерот во заминување. 53% од Македонците сметаат дека Заев прикажал лоши резултати како премиер, што е исто така највисока негативна оцена за Заев досега.
Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?
Лош резултат од работата 53%
Добар резултат од работата 29%
Пораст од три проценти за еден месец на негативниот став на граѓаните е забележан и на прашањето дали дрѓавата се движи во погрешна насока. Во ноември 57% од испитаниците одговориле потврди, а еден месец подоцна, нивниот број изнесува 60%.
Дали државата се движи во правилна насока?
Декември
Погрешна насока 60%
Правилна насока 25%
Не знае/одбива 15%
Ноември
Погрешна насока 57%
Правилна насока 31%
Не знае/одбива 12%
Според резултатите, високи 64% сметаат дека Владата не се бори против корупцијата.
Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?
Незадоволителна 64%
Задоволителна 29%
Бизнисмените не се задоволни од мерките на Владата за справување со ковид-кризата, а народот смета дека најзначајни проблеми во државата се економијата, високите цени и ниските плати
Кои се најзначајните проблеми?
Економија/финансии 17%
Високи цени, мали плати 13%
Невработеност 10%
Корупција, криминал 8%
Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:
Незадоволни 55%
Задоволни 37%
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.