НАРОД НА УЛИЦА ВЛАДА ВО ЗЕМУНИЦА
Август, лето 2023.Месец за одмор и мир. Македонија врие но не само од жештината туку и од луѓето кои се темел на оваа држава, луѓето кои деноноќно работат за да преживеат. Пензионерите наместо кон еволуција тргнаа кон револуција во борба за подобар живот. Борба за опстанок и корка леб за празниот стомак. На овие температури излезени на врелиот асфалт со едноставни барања за минимални покачувања на пензиите со цел да можат да си купат леб и лекови, а пропратно да не се терет на семејствата. Здравството е во невиден хаос и можен колапс, здравствените работници си го бараат тоа што им следува веќе период наназад. Хероите на 21 век се дискриминирани. Дали некој од актуелнава власт се запрашал како живеат и преживуваат овие вработени? Сите овие вработени имаат плата под просекот. Платите на средно медицинскиот, средно административниот, техничкиот и возачите во итната медицинска помош им е од 20.700 до 27.000 според работниот стаж и дежурства. Згора на тоа што попрво да направат со оглед на тоа што имаат режиски трошоци, административни забрани и трошоци за храна. Нашата полиција која треба да е најплатена и најпочитувана е донесена до самото дно. Полицајците напуштаат и си одат за да створат услови за подобар живот. Образованието, незадоволство од плати и колективни договори.
Пазарите прескапи. Земја која има богата почва и изобилува со земјоделски производи ,кои ни станаа недостижни.. Лубеницата, доматот, дињата се храна за богатите.
Се прашувам, ДАЛИ САМО ЕЛИТАТА И ФУНКЦИОНЕРИТЕ СО 120.000 денари ПЛАТА ТРЕБА ДА ЖИВЕААТ ВО ОВАА ДРЖАВА?
Не сте свесни дека создавате економски егзодус.
Младите заминуваат бидејќи се освестуваат и согледуваат дека немаат иднина во Македонија, но за кратко ќе заминат и повозрасните кои ќе работаат надвор се со цел да имаат финансиска стабилност.
Македонија стана државава на апатичен, гладен и дискриминиран народ.Каде моралните вредности се искривени.Држава во која паметниот молчи, додека будалиот збори.
Сите сплотено сите заедно, сите синдикални организации да излеземе во септември да си ги побараме нашите работнички права. Барања за нормален живот , плати и пензии според галопирачката инфлација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.