Демократската унија за интеграција попладнево во партиското седиште почна состанок на раководството.

Според партискиот портпарол Бујар Османи, состанокот е поради новите политичките случувања и ќе се анализира средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мискоски, што се одржа во средата.

– Состанокот е поради последниот развој, по средбата на претседателите на ВМРО и СДСМ, позиците на ДУИ, барањата на ВМРО за едноетничка влада. Прво ќе разговараме, па ќе дадеме одговор. За нас е важен патот кон ЕУ, европската иднина на граѓаните, мислам попрецизни податоци ќе имаме по состанокот, изјави Османи –  портпаролот на ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.