Пресмешни се европските предупредувања за изолација.

Никогаш оваа земја немала поголема дискрепанца помеѓу надворешната позиција и внатрешната реалност.

Народот, напредокот и иднината на луѓето дома се во перманентна изолација.

Се нема пари, се нема слобода, се нема можности, се нема правда, се нема среќа.

Видете го контрастот од нашиот премиер во Вилнус и нашите состојби дома, втори по ужас после разочараниот Зеленски.

Ни горат институции, ни смрди секојдневието, криминал и корупција цвета, 1% од популација има да јаде и да живее, власта фаворизира токсичен бизнис и урбанизација без контрола, партизацијата и негативната селекција незапирливо го уништуваат човечкиот капитал, ги губиме и она малку пари на погрешни инвестиции, луѓе и одлуки.

Четврт држава е во Хрватска да заработи нешто за зимата, друга четвртина е избегана засекогаш, останата половина животари во депресивна средина.

Не нѐ јебете со изолација, ние секоја година сме сè поизолирани дома – затоа што фаворизирате и толерирате коруптивни и криминални коалиции, кои немаат ништо да понудат, освен сиромаштија и селење.

Изгуби смисла и ЕУ напредокот, кога служи само за геополитички цели и за големи слики, а нашите ситни животи не вредат пет пари. Додека реформите живеат само на хартија.

И кога тоа евентуално ќе бидне, ќе биде за последните што останале нормални и здрави, да побегнат од несреќата.

Така да, џабе нè плашите со изолација, ние одамна сме изолирани во главите и во реалноста.

(ФБ статус на авторот)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.