На денешниот протест под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ против францускиот предлог, пред присутните се обрати Стефани Најденовска која порача дека е горда Македонка која зборува на македонски јазик на не на дијалект на некој друг јазик.
Моето име е Стефани и имам 26 години. Родена сум во Република Македонија. Основно и средно образование завршив во Република Македонија, универзитетската диплома ја стекнав на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, мисионерите кои нас не описменија. Јас зборувам македонски јазик, а не дијалект на нечиј друг јазик. Јас сум горда Македонка. Јас сум горда на Илинденците, горда на востаниците Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Никола Карев. Доста ни е од понижувања и тргување со нашиот идентитет. Кој ви ја даде оваа храброст?, истакна Најденовска.
Таа ја потсети власта на ветувањата што ги што ветуваше дека ќе ги реализира за младите, а единствено што успеа да реализира е тоа што ги направи младите да се чувствуваат како туѓинци во сопствената држава.
Се сеќавам пред неколку години имавте една активност пред владата на РМ во која имавте оставено обувки прикажувајќи како младите се иселуваат. Е сега драги мои господа од власта јас да ви кажам дека таа бројка на иселени млади е многу поголема. Ветувате студентски град а од него ни трага, ни глас. Единствено студентите што добија се мизерни услови за живот, мизерни оброци додека вие ги трошите буџетските пари на народот. Од сите ветувања и проекти за младите единствено успеавте државата да ни ја продадете. Не направивте да се чувствуваме како туѓинци во сопствената држава, потенцираше Најденовска.
Таа и порача на власта дека не сме да си игра со македонскиот идентитет затоа што народот кажа силно „НЕ“.
На власт дојдовте со немири и насилство, со тајни преговори со странските служби, со сеење страв, закани, криминал и пазарење, но сега веќе е доста со нашиот идентитет не може да си играте. Јас и овој народ кој што 9 дена со ред протестира ќе ви кажеме да си заминете. Ние ќе ве избркаме. Ќе ве избркаме ние кои имаме достоинство, сите ние кои знаеме дека нашата националност не е граѓанин на Република Македонија. Сите ние кои зборуваме македонски јазик а не дијалект на некој друг јазик, сите ние кои знаеме дека Република Македонија е наша татковина. Затоа силно треба да кажеме „НЕ“ додаде Најденовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.