Професорката Мирјана Најчевска смета дека  странските државници кога се среќаваат со македонските претставници на власта кон нив се однесуваат како кон милениче кое го тапкаат по главата и го фалат кога ќе ја послуша командата. Но, според професорката, надвор од очите на јавноста, миленичето е непослушно и си тера по свое.

Не гледам Ковачевски, Маричиќ и Османи на било која од средбите кои ги имаат со претставници на други држави да ги претставуваат потребите и барањата и загрижите на граѓаните кои ги претставуваат.
Тие само се согласуваат со се што ќе кажат соговорниците и ја цинкарат опозицијата.
Имам впечаток дека странските државници веќе не се однесуваат кон нив како кон нерамноправен партнер туку како кон милениче кое го тапкаат по главата и го фалат кога ќе ја послуша командата од дресурата. Седи, лежи, моли, дај шепа, …
Се разбира ова е за пред публика.
Надвор од очите на јавноста миленичето продолжува да моча по килимот и да ги крие коските џапнати од масата под намештајот, пишува Најчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.