Надојдена е поголема количина на вода со опасност за излевање на патот Кавадарци – Прилеп кај тунелите, информираат од Центарот за управување со кризи.
РЦУК Кавадарци излезе со вонредна информација. Според информацијата добиена од 112, во 18,21 часот, на регионалниот пат од Кавадарци – Прилеп, кај тунелите, од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода, со опасност за излевање. Веднаш беа известени субјектите во СУК и беше стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци, кое извести дека е стапено во контакт со изведувачот на тој патен правец и дека во случај на излевање на реката, во содејство со изведувачите на автопатот – Сино Хидро, ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот, се вели во известувањето од Центарот за управување со кризи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.