Скоро исполнет капацитетот во детската болница Козле и тоа најчесто со деца до четири годишна возраст, пренесува ТВ21.

Приливот на пациенти енормно расте. Над 100 е бројката кои доаѓаат на преглед само на дежурство.Сабота и недела е зголемен бројот. Од понеделник до петок не ги рачунаме. Зголемен е бројот момнетално лежат 86 мајки и деца заедно. Едно е само Ковид кое денеска го пуштивме. Кашлање, пораст на температура, секреција од нос ова се симптомите со кои најчесто доаѓаат децата во болницата во Козле. Во вечерните часови се активираат ларингити, сува кашлица во народот позната како „кучешко лаење.“ Кашлицата почнува обично кај 23 часот, па до раните утрински часови, вели педијатарот д-р Драган Дачевски за телевизијата.

Според докторот, сега кај децата доминира пенвмонија, а кај оние помалите по година, година и пол бронхолитите има опција и на пронхоспаза и воспаленије на самите дишни патишта.

Поголемото дружење на родителите особено кога е вака убаво времето групација има и на деца и на родители. Треба да внимаваат со кого се дружат, да не бидат тоа деца кои поткашлуваат на кои им тече носот, бидејќи родителите тоа некогаш го сфаќаат како нормалнмо. Има промена на температирите штом ќе зајде сонцето е ладно. Наутро за во училште и градинка треба да бидат топло облечени, додава тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.