Во Битола се отвори нов бугарск клуб„Балкански мост“ и не е поврзано со ниту една историска личност, како што  беше случајот со клубот „Ванчо Михајлов“.

Зад клубот сто контроверзниот бугарски бизнисмен Милен Врабевски.

Новото здружение фокусирано на културата, образованието и традицијата и во овие празнични денови е прилично активно со донации, а било дел од вмрежување на исти вакви клубови во Албанија и други балкански држави.

Претседател на новото здружение е битолчанецот Љупчо Јошевски, вработен во РЕК „Битола“.

Кој е Милен Врабевски

Врабевски е бизнисмен и сопственик на голема компанија за клинички истражувања. На почетокот на пандемијата, тој донираше и заштитна опрема на болници во Македонија.
Исто така, тој го основал и пишува музика и текстови за рок бендот ,,Intelligent music project”.Поседува градинки и училиште, и често изјавува дека најмногу сака да инвестира во младите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.