Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација која оди на штета на бугарската заедница во државава.

Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Отука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на бугарската заедница во државава – порача Османи, одговарајќи на новинарско прашање на редовниот брифинг со новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.