Владата на СДС и ДУИ дала дозвола Назиф Дестани, близок до ДУИ да влезе во концесијата за отворање на рудник во локалитетот Иловица за ископ на бакар и злато, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Согласно законските процедури Дестани морал да плати 7 проценти од вредноста на концесијата за да влезе, што значи дека и Ковачевски и Ахмети однапред се договориле со Дестани тој да ги купи уделите на големите светски компании, а потоа да добие дозвола за отворање на Иловоца.
Дестани со отворањето на рудникот во Иловица има само желба за зголемување на личното богатство, но не и познавање. Па затоа прашуваме која е сигурноста при ископ на бакар и злато ја нуди Дестани, кој нема ниту еден ден искуство од ископ на минерални суровини, особено не на злато.
Ковачевски лаже дека не знаел, а министрите на СДС глумат дека биле излажани.
Да гласаш одлука на влада спротивно на интересите и барањата на граѓаните, само поради бизнис интересите на ДУИ, е директно одење против волјата на граѓаните.
Поради фактот дека се уште никој од нив не поднел оставка од морални причини и не побарал одговорност за министерот за економија Крешник Бектеши, само говорори дека истите се согласуваат со ваквата одлука која е спротивна од интересите на граѓаните во струмичко.
ВМРО-ДПМНЕ прашува уште колку вакви штетни одлуки гласале министрите во владата на СДС и ДУИ?
Дополнително и тоа што Ковачевски велеше дека на владина седница ќе дискутираат за концесијата и доколку граѓаните не сакаат рудник во Иловица, истиот нема да биде отворен, а вчера воопшто и не станало збор за тоа бидејќи Крешник бил на службено патување, се појасно станува дека Ковачевски и овој пат ќе ретерира од сопствените изјави и ќе ја спроведе наредбата на Ахмети и ДУИ.
Ковачевски и Ахмети во државата гледаат исклучиво бизнис интереси за профитирање преку милионски зделки.
Ковачевски и Ахмети мора да заминат што побрзо од власт, бидејќи секој ден со владата на СДС и ДУИ, граѓаните губат.
Одговорност за ова и за сите други криминали ќе има!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.