Власта не остава нејзиниот „државен“ историчар број 1 да „падне“! Советот на Институтот за национална историја денеска му довери нов мандат, но овојпат како в.д. директор, што ќе треба да го извршува во наредните шест месеци. Во овој период треба да биде распишан нов конкурс за избор на директор институцијата, дознава „Пресинг ТВ“
Дека власта подготвува пуч при изборот на новиот директор на ИНИ најави проф.Катерина Тодоровска во интервјуто, што го даде за Република и Пресинг ТВ.
На конкурсот беа пријавени двајца кандидати-проф.Митко Панов и проф.Катерина Младеновска. Но, при самиот крај на постапката интервенираше Просветниот инспекторат, наводно по добиени претставки. Да биде иронијата поголема, на нив биле потпишани имиња на личности, кои според нашите сознанија воопшто не ни постоеле!
Советот на ИНИ брои шест члена од вработените во Институтот и тројца, што ги именува Владата, или вкупно девет члена. На денешната седница при првото гласање за избор на директор Митко Панов добил четири гласа-три од редовите на вработените и еден од надворешните членови, што било доволно да не го добие потребното мнозинство.
При второто гласање за избор на в.д. директор, пак, двајца членови од вработените и тројцата надворешни од Владата го избрале Драги Ѓоргиев за в.д. директор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.