Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, соопштуваат од Министерство за животна средина и просторно планирање, додавајќи дека во рамките на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спаковани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните 2 месеци и ископани и спаковани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција.
Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа. Во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH, соопштија од МЖСПП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.