Коалицијата на албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени денеска побара Mинистерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со Пошта на Македонија да ги доставува личните документи до домовите на граѓаните за да се елиминираат долгите редици за вадење на документите.
Саранда Имери, претставничка на Европскиот сојуз за промени, посочи дека на Албанците во земјава и покрај Законот за употреба на албанскиот јазик не им било дозволено да извадат пасош на албански јазик, и како што рече, албанските граѓаните кои мора да патуваат во странство биле должни да извадат пасош на македонски јазик.
Оваа корумпирана влада нѐ враќа во времето на комунизмот кога на Албанците им беше скратено секое право. За жал албанските граѓани кои мора да патуваат во странство се должни да извадат пасош на македонски јазик. Овие редици не се случајни, ова се прави така што албанскиот граѓанин треба да повика некој да интервенира и на тој начин Владата да го услови за уште еден глас – рече Имери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.