Пронајдена е облека и други предмети кои се доведуваат во врска со кривичното дело, имаме неспорни докази. Лицето е приведено во полициска станица и очекуваме да биде изведено пред судија на претходна постапка.
Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за приведувањето на македонскиот пејач Ламбе Алабаковски кој е осомничен дека подметнал пожар на влезот во бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“.
Министерството за внатрешни работи бара одредување на мерка притвор затоа што се исполнети условите во однос на ваквото барање. Сепак да ја почекаме одлуката на судот, вели Спасовски.
Истакна дека за настанот се преземале многу активности и службени разговори, многу материјали од видео надзор не само од објектот и дека сите овие информации довеле до, како што рече, сторителот на ова дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.