Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која се обрти на граѓаните веднаш по завршувањето на изборниот процес. Муцунски кажа дека главно изборниот процес минал во фер и демократска атмосфера, со забележани неколку нерегуларности.

Да му честитам на македонскиот народ, на граѓаните, за високата демократска свест за големата излезност. Од аспект на изборниот процес мина во фер и демократска атмосфера со мали нерегуларности од страна на партијата на власт. Забележано врешење притисок на гласачи во гласачко место во Сарај, импровизиран штаб во близина на училиштето Гоце Делчев во Гостивар. Се забележани случаи за семејно гласање, и биле предупредувани од официјалните лица. Во Куманово се нотирани нерегуларности од типот на нефункционалост на апаратите за отисок на прст или немање печат. На едно избирачко место, избирачкиот одбор и покрај немање печат, сепак, одлучило гласањето да продолжи, рече Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.