Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во работна посета на Хрватска, каде што на покана на министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман ќе учествува на Дубровник форум 2024.
Министерот Муцунски ќе има обраќање на панелот „Западен Балкан: Отворање на реформскиот потенцијал”.
На маргините на форумот, министерот ќе оствари и бројни билатерални средби со свои колеги од повеќе земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.