Членот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери во „Програмата 200“ на Алсат телевизија, изјави дека e во постојана комуникација и консултација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Всушност немаше мраз, направивме напори да влеземе во колосеците на институционално функционирање според статутот и програмата на партијата, вели Муса Џафери на прашањето дали го стопиле мразот со Ахмети.

Се консултираме, комуницираме. Моите размислувања и грижи секогаш сум ги изнесувал, директно со господинот Ахмети, рече Џафери.

Бараме да има комуникација, отчетност на неприватен, несоцијален начин. Но, тоа треба да биде во рамките на органите, бидејќи органите се тие што делегираат задачи и делегираат функции, изјави Муса Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.