По дводневно заседание пратениците во Собранието го утврдија дневниот ред и започна расправата за изборот на двајца уставни судии.

На расправата по првиот предог Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, опозицијата реагираше дека никогаш не го видела, а најмногу критики упатија кон претседателката на комисијата за избор и именувања, Марија Георгиевска, која побара од спикерот Џафери гласањето на двајцата предложени уставни судии да биде ставени на пленарка, велат дека таа со тоа го погазила Уставот и собранискиот деловник.

Пратениците од власта се бранеа дека немаат намера да дозволи уставна криза, што ќе настане доколку во скоро време не се пополнат четирите празни места во судот, ако се има предвид дека во декември ќе нема ниту просто мнозинство за одржување седници.

Во празна собраниска сала опозицијата најавува преиспитување на постапката, кривични пријави и интерпелации за Георгиевска и Џафери. До сега се пријавени 28 говорници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.