Градоначалникот на општина Аеродром и универзитетски професор Тимчо Муцунски, преку објава на својто фејсбук профил порача дека се придружува кон ставот на ВМРО-ДПМНЕ и искажаниот висок степен на почит и солидарност кон украинскиот народ!
Изразувам силна осуда кон преземените воени дејствија на Руската Федерација врз Украина со кои сериозно се ставаат во непосредна опасност животите на цивилите. Нападот врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина претставува сериозно прекршување на нормите и принципите на меѓународното право и во наведената насока е потребен итен прекин на воените дејствија.
Овој чин е сериозна закана за мирот во Европа и наместо војна потребно е враќање на дипломатијата и дијалогот како единствено решение во прилог на мирот, стабилноста и безбедноста во светот, порача Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.