Градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски упати честитка по повод Денот на независноста:
Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!
Сите востанија на патот кон слободата, Илинден, АСНОМ, делото и саможртвата на многуте херои низ историјата се овековечени на 8 Септември 1991 година. Тогаш, конечно се исполни идеалот на многуте генерации Македонци. Народот своеволно го оствари вековниот сон со референдум и ја испиша историјата.
Оттогаш, како држава, се соочивме со различни предизвици. Доживеавме многу турбуленции, но секогаш и покрај сѐ бевме истрајни во нашите намери и со нашите дела придонесовме македонскиот народ да се издигне како пиреј.
Денес, во вакви околности, мора да бидеме храбри и да носиме мудри одлуки. Нема да нѐ поколебаат обидите да нѐ омаловажат со неправди и да се откажеме од тоа што е наше.
Време е за национално единство, време е да бидеме свои на своето. Само така ќе ги оствариме идеалите на нашите предци и ќе ги обновиме единството кое е потребно за идните генерации.
Честит празник, вечна да си татковино! – напиша тој во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.