Денеска на Централниот комитет на партијата добив огромна чест да бидам избран за потпретседател на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Да се биде потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за мене претставува вистински мотив и предизвик, да продолжиме да ја градиме партијата, да ја развиваме демократски и да работиме за уште една убедлива победа на следните избори, напиша на Фејсбук, Тимчо Муцунски.
Сакам да се заблагодарам на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и на членовите на Централниот комитет за укажаната доверба, но и на целокупното членство кое стои заедно со нас во овие времиња исполнети со предизвици.
Уште во мојата кампања за локалните избори, најавив дека од нас започнуваат промените во владеењето во нашата држава и ве уверувам сите дека ова ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вистински промотер на добри политики.
Како политичка партија остануваме најцврст гарант за зацврстување на државноста, независноста, мирот, стабилноста, безбедноста, економскиот развој и историскиот континуитет на Македонија. Време е да ја создадеме иднината и активно да придонесеме за подобро утре за сите нас, но и идните генерации!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Македонија!, напиша Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.