Младиот правник, магистер по финансово право, Умејр Муамеди револтиран од однесувањето и постапките на политичадрите, преку својот фејсбук профилреагира дека е недолично да си функционер во Македонија, да ги уживаш сите привелегии на оваа држава, а во исто време да вееш знаме на туѓа држава.
Не ми е јасно како се дозволува во институција на Република Македонија да се истакнуваат знамиња на други држави. Земаш плата од оваа држава (плус патувања, кола службена ако си на повисока функција) а во канцеларија носиш знаме од Албанија, САД, Турција, Србија… Зошто тогаш не одите во тие земји да бидете директори, министри, градоначалници…? Приватно можеш да се чувствуваш како сакаш но држава инационалност се два различни поими. Немам почит за ниту еден министер, директор, градоначалник…кој дозволува во инстутицијата со која раководи да се истакнуваат знамиња различни од државното знаме“, пишува Муамеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.