Министерството за образование и наука изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Невино дете кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, толеранција, почитување и ненасилно однесување, се вели во соопштението на Министерството за образование и наука (МОН).
Сочувство, но и јавна благодарност изразуваме до раководството и наставниот кадар во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ за високата посветеност и одговорност во работењето, кои воедно реагираа брзо и го алармираа семејството на ученичката за нејзиното отсуство од наставата.
Дополнително и по трагичниот настан, училиштето останува добро организирано, обезбедувајќи ја целокупната психолошка поддршка за сите ученици во училиштето, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација. Министерството е постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.