Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ја продолжат добрата соработка во областа на образованието со особен фокус на обезбедувањето квалитетна поддршка за учениците со попреченост, како и образованието на возрасните.
Ова беше потврдено на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, на која соговорниците разговараа за тековните состојби во образованието, отпочнатите и планираните активности во насока на подигнување на стандардите на услугите за граѓаните.
Министерката Јаневска напомена дека промени веќе се случуваат во сите сегменти на образованието, додека пак, Григорјан потврди дека УНДП ќе продолжи да обезбедува поддршка за проектите кои заеднички се реализираат, а ќе се заложат и за стимулација на младите за избор на образование во т.н. СТЕМ области (наука, технологија, инженерство и математика), соопштија од Министерство за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.