Директорката на КАРИЛ Маја Мојсова во изјава за хрватски „Вечерњи лист“ се извини што во нејзината прва изјава не предупредила дека можеби ракометарот Денис Тот е жртва на насилство.
Jас се извинувам што во мојата прва изјава, која навистина излезе надвор од контрола, што не кажав дека – нема видливи повреди, но дека смртта е сомнителна. Ние како лекари не сме можеле првично да знаеме што довело до срцев застој. Згрешив што веднаш не му кажав на новинарите дека смртта е многу сомнителна. Тоа сите го знаевме веднаш бидејќи на телото на Денис Тот навистина немаше траги на насилство или нешто што би укажало на физичка пресметка. Сепак, беше јасно дека тој е здрав спортист и дека приказната не е толку едноставна. Дополнително, токсиколошкиот наод покажа дека Тот не консумирал недозволени супстанци, изјави Мојсова за Вечерњи лист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.