Ова е смислена хајка, не е од сега, јас го знаев ова уште поодамна. Почнува со едниот вработен Томче Андоновски кој беше водител на сектор спорт кај нас, па сега е моментално советник во Антикорупциската комисија Сега и други чинители кои сами се прилепија на ова – уште незавршена седницата излегоа со соопштение и бараа моја оставка – вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски после обвинувањата од ДКСК за злоупотребите на пари во институцијата и ваучерите за спортските клубови, федерации и поединечни спортисти.

Мојсоски потенцира дека тој не ги дели средствата и дека постапката не е толку објаснета пред јавноста.

Ваучерите ги прават бодовите, а бодовите ги прават самите матични федерации. Не сакам да поверувам дека некој ме мести, досега не сум слушнал. Не знам дали ова е партиско. Се гледа дека е оркестрирано. Сакам да ги видам комплетните извештаи од ДКСК, па ќе излезам точно што било како било. Мислам дека има наоди од поранешни вработени и господинот Даниел Димевски кој го измисли ваучерот – рече Мојсоски во емисијата „Студио 10“.

Македонскиот олимписки комитет претходно ја повика Владата да го разреши Мојсоски поради незаконско работење при распределбата на финансиски средства на спортски федерации и екипи, и „итно да ја замрзне постапката за доделување спортски ваучери која е во тек за 2023 година“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.