Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.

На брифингот , како што соопшти Министерството за одбрана, присуствувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Набавката на овие оклопни возила е во рамките на процесот за модернизација на Армијата и согласно плановите првите возила од овој тип треба да пристигнат во нашата држава следната година, информираат од Министерството за одбрана.

На овој брифинг му претходела еднонеделна заедничка работилница на припадници на Армијата со Институтот за безбедносно управување, Националната гарда од Вермонт и 4та Бригада за асистенција во безбедноста од САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.