Министерството за надворешни работи на Република Македонија со внимание го следи развојот на состојбите во Република Судан.  Според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско – конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата, а воедно, од почетокот на тензиите во земјата, не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош

 

Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса [email protected]



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.