Министерството за надворешни работи вечерва е во боите на украинското знаме во знак на солидарност и поддршка за Украина.
„И по една година од почетокот на руската воена инвазија врз Украина, остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода и зачувување на споделените демократски вредности. Македонија уште од првиот ден со најостра осуда за руската агресија и повик за итно прекинување на воените дејствија и враќање на мирот. Како земја претседавач со ОБСЕ Украина е наш главен приоритет посветени сме во напорите да ставиме крај на оваа неоправдана војна. Страдањето на луѓето мора да запре!“, напиша Бујар Османи на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.