Меѓу загинатите лица во вчерашната несреќа во Нови Сад е и македонскиот државјанин Васко Саздовски (1979), објави МИА од Министерството за надворешни работи на Србија, кое ја информирало македонската амбасада во Белград.
Во вечерашната несреќа во Нови Сад, со паѓањето на настрешницатат загинаа 16 лица, а три лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба. Идентификувани се 13 лица, а веднаш по идентификацијата биле известени нивните семејства, соопштија од Полициската управа во Нови Сад.
Едно женско лице се уште не е идентификувано, поради здобиените повреди, но се очекува наскоро да се утврди нејзиниот идентитет, соопштија од Новосадската полиција.
Од Универзитетскиот клинички центар во Војводина (УКЦВ) потврдија дека нема нови жртви, а тројца од повредените се во тешка општа состојба.
Тројцата повредени кои вчера беа примени на УКЦВ се уште се во тешка состојба, на интензивна нега“, соопштија од прес-службата на Клиничкиот центар.
Во Нови Сад е прогласена тридневна жалост, а во цела Србија ден на жалост е денес сабота, 2 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.