Во Министерството за надворешни работи денеска бил одржан состанок на тема Русија, а веднаш потоа, во МНР бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин.
Како што потврдуваат извори во МНР за „Слободен печат“, претставници на министерството му упатиле вербална нота на амбасадорот, околу објавата на Руската амбасада од пред два дена, со која се евидентираат „русофобите“ во Македонија.
Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и оти таа надвор од дипломатската комуникација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.