Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од младите граѓани кои дојдоа во повеќеилјаден број во Скопје на првиот народен собир во рамките на кампањата за претседателските избори за да ја поддржат професорката Гордана Силјановска Давкова, побара да не се откажуваат од Македонија.
Сметаме на вас, без вас и без вашата енергија нема промени. Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа. Вклучете се во промените и дајте го вашиот глас. Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање. Верувајте во луѓето кои вистински можат да го подобрат вашиот живот и да донесат повеќе среќа за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.