Ние младите секогаш и сме биле и носители на промените во Македонија, ние сме тие кои ќе го носат бајракот на слободата затоа што ова свето парче земја е наш дом, нашата татковина, наш аманет и наша последна тврдина за која треба да се бориме, изјави студентот Младен Јаневски на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Јаневски додаде дека нашата Македонија потребно е да ја направиме едно подобро место за живеење.

Тој додаде дека ние младите апсолутно никогаш нема да бидеме бледи посматрачи на уништувањето на Македонија и тоа треба да им е јасно на сите кои упорно работат за уништување на овој народ

„Низ историјата, Македонците се бореле многу. Се бореле за да го дигнат својот глас, за да кажат дека постоиме и дека овдека се наоѓа еден народ кој е пиреј и не го ништи ниту една војска. Уништувањето и асимилацијата на македонскиот народ нема да им помине овој пат. Ние Македонците сме губеле битки но никогаш не сме губеле војни“, рече Јаневски.

Јаневски посочи дека токму затоа денес ќе добијат уште едно големо НЕ, затоа што ниту јас ниту вие ниту нашите предци не се бореле за понижена, уништена, омаловажувана Македонија. Ова е свето парче земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.