Во политиката консензусот е прво дома за да се направи компримис надвор. Прво треба да се договорат заедничките ставови. Не може вие да преговарате и договарате, а самата јавност да не знае. Во најмала рака треба парламентот да знае, а тој никогаш не е известен. Не знаеме за каков план и договори станува збор, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во „Што не е јасно“ на Алфа во врска со преговорите со Бугарија и што власта крие во истите.

Таа истакна дека транспарентноста за која што се говореше со години, паѓа во вода заради тоа што пратениците немаат информации за тоа што се случува во оваа држава.

Доаѓа законско решение во парламентот, нема објаснување зошто се носи, нема елаборација, министерот може а одговори дека поминало на влада и дека мора да помине. Не само што не ги гледаме законите во рамки на фактичката ситуација зошто се носат, од кои дел се лошо преведени, па ги носат со европско знаменце. И конечно носат вакви договори за круцијално значење, а Собранието не знае за што станува збор, нагласи Мизрахи.

Таа вели дека нема никакви информации се што дознава е преку бугарските медиуми, преку европратеници, буквално она што го дознава народот го дознава и опозицијата.

Но не се знае медиумите до кој степен уживаат слободи за да може да информираат. Дали ќе биде легитимен премиерот веќе не ни и битно, станавме монархија во која самите си назначија премиер. Тој води држава а вели дека не навлегува во историски прашања и не се разбира во истите.

Таа нагласи дека моментално сме заглавени во договорите кои ги потпиша оваа влада, тоа е неукост и недоволна екпертиза во вит преговарачки рамки за тие договори, вели Мизрахи додавајќи дека овој отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ не е случаен настан и истиот може да биде и тест како ќе помине бришење на историјата.

– Не е случаен настан, не е случајно да дојде премиер на странска држава. Ме вознемирува фактот што многу добро знаела власта, како министерката за култура, бидејќи основата на оваа држава е антифашистичка, добрата страна на историјата која треба да ја зачуваме. Прашање е дали е ова тест како ќе помине бришењето на историјата. Дека се ова обиди и чисти провокации тоа е факт, потенцираше Мизрахи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.