На страна од моето мислење како се носат законите во оваа држава и колку закони се донесени и како истите се имплементираат, се почитуваат, дали селективно се почитуваат или не, мислам дека тоа е посебна тема за дискусија. Овој случај според она што дознаваме нели од медиумите е дека лицето е лишено од слобода во 5:30 напладне, за во 9:30 да има претрес на неговиот дом што значи дека обвинителството било вклучено.
Меѓутоа дали станува збор бидејќи во тој меѓу период од 5:30 до 9:30 по социјалните медиуми се прошири информацијата дека ете најден е виновникот за мејловите, за заканите итн. Па така треба да повнимаваме дали станува всушност збор за злоупотреба на институционалната моќ против некој ете кој што бил гласноговорник преку одреден медиум Конзерватив.мк или како и да се вика, медиумот кој што ги критикува институциите, власта, па се користи овој механизам нели за предизвикување на еден вид на молк, истакна Рашела Мизрахи, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“, коментирајќи го апсењето на младиот Никола Николовски.
Мизрахи додаде дека власта апсењето го користи како алатка за замолчување на гласноговорниците и неистомислениците.
Ние се наоѓаме во држава во којашто граѓаните немаат доверба кон општествените институции односно државните институции, нарушен е општествениот договор и заради тоа граѓанството буквално се брани од институциите како резултат на таа недоверба, истакна Мизрахи.
Пратеничката посочи дека довербата сама по себе не може да биде наметната. Не може власта да ви нареди да и се верува. Таа порачува дека довербата кон власта се стекнува или се губи.
Значи сомнежот стои дека како резултат на контроверзните ставови или пак критичната настроеност на одреден сајт во кој што Николовски имал влијание, имаме злоупотреба на институционална моќ, власта ги користи своите механизми за замолчување, потенцира Мизрахи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.