Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи на денешната седница во Собранието на Република Македонија се повика на член 77 став 2 и побара изменување и дополнување на дневниот ред а зборуваше за точка 4 за која што предложи да се стави како последна точка на дневниот ред. Тоа е точката предлог на закон за ратификација на договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Земајќи во предвид дека дигитализацијата како процес во оваа држава потраа веќе повеќе и од 10 години, архивските книги и документацијата во овој долг процес се сега на ниво на помошни средства за „болки во кичма“ и „отечени стопала“ , ние немаме процес на дигитализација или пак електронска евиденција за документацијата која што ни е за локалното наше население и со тоа доаѓа населението во бројни спорни ситуации кои што секојдневно ги чувствуваат -нагласи Мизрахи.

Рашела Мизрахи истакна дека малку е недолично да се зборува за ратификација на ваков договор кога на лица барани од Итерпол им се издаваа фалсификувани пасоши.

Од друга страна во однос на електронската идентификација на граѓаните ние во периодот на „блескаме“ на Зоран Заев имавме намалување на бројот на лица кои што илегално ја поминуваат границата поради тоа што на истите им дадовме пасоши дури и кога ги бараше Интерпол. Па сега малку е недолично да зборуваме за ратификација на ваков договор па одозгора на се да стои дека во импликацијата нема да има финансиски импликации за истото, кога немаме дигитален архив, по ниеден основ во ниедна институција во оваа држава а уште помалку е безбедно -нагласи Мизрахи.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи рече дека покрај ова се отвара и прашањето дали власта констуктот на Отворен Балкан го прави како бајпас метода за да го избегне моментот дека нема да имаме прием во Европската Унија.

На страна од ова се отвара прашањето дали ние констуктот на Отворен Балкан го правиме како бајпас метода за да го избегнеме моментот дека нема да имаме прием во Европската Унија, сепак ратификацијата сметам дека е од помало значење од други законски решенија кои што треба пленумот да ги гласа денес -истакна Мизрахи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.