Во пиар механизмите кои ги спроведува оваа власт видовме нешто што се вика феномен на димна завеса, односно перцепцијата да ја измени реалноста. Но тоа има крај бидејќи граѓаните живеат во таа реалност и се свесни, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во „Што не е јасно“ на Алфа додавајќи дека така на власта не успеа да го протне предлог Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во се предвидува одговорност за негативно мислење.
Таа појасни дека власта многу закони се обидува преку плаштот на европско знаменце да протнува закони, и така дојде и тој закон кој сакаше да го спроведе по итна постапка.

Тоа е проблематично, и тоа што ќе уследи во нашето општество во кое народот е под притисок поради бројните кризи, ќе значи дека луѓето ќе се тужат еден со друг, но и втора работа дали ние наликуваме на држава ги опресира медиумите и граѓаните, истакна Мизрахи.

Мизрахи потенцираше дека токму затоа власта затоа сака да го стиши Собранието бидејќи таму се дискутира за ваквите закони и јавноста ќе слушне какви се намерите на власта.

Дали власта сака да ни забрани да мислиме, да има контрола на мисловниот процес? Ние се стремиме кон ЕУ, но ЕУ значи демократски процеси и правила, не правила на страв и опресија, па дури и на мисловниот процес, тоа нема врска со она што ЕУ го бара од нас, нагласи Мизрахи.

Таа додаде сега власта се правда дека ќе го повлече, но потсетува дека повеќе пати така рекле и за други законски предлози, но тие се уште не се повлечени дека законите во Македонија треба да се носат за да се решаваат проблемите во Македонија, но власта честопати се служи со закони кои ги преведува од други места, па тоа се забележува во преводот бидејќи се лошо преведени и немаат смисла речениците.

И штом слушне јавноста како и многу други пати власта вика дека го повлекува решението, но јавноста треба да знае дека многу од тие повлекување не се навистина повлечени. Вистината во одреден момент испливува на површина и тоа се виде на локалните избори и ќе се види на предвремените парламентарни избори, изјави Мизрахи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.