Денеска министерот за правда, кренар Лога, го посети подграчното одделение за правда. Во два поста на социјалните мрежи тој потенцира дека денес, повеќе од кога и да е ни треба Европската унија.

Денеска го посетив подрачното одделение на Министерството за правда во Битола каде беше констатирано дека вработените работат во субстандардни услови. Во зградата во која е сместено одделението нема лифт, а вработените со попреченост немаат пристап до работното место кое е на петтиот кат од зградата.

Недостасува канцелариски мебел, врати и прозорци се оштетени и претставуваат опасност за странките кои бараат бесплатна правна помош, објави Лога.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.