Македонија е несреќа, украден сон за држава и нормално општество, вели политичкиот аналитичар Ивор Мицковски. Според него, оние кои мислеле и правеле добро се претворени во несреќни луѓе, без ништо и без иднина.
Синот на Заев стана сопственик на фирма за електрична енергија.
Синот на Али влегува во бизнисот со струја.
Внукот на Али купува трговски центар.
Луѓе блиски на Артан Груби купиле хотел на Попова Шапка за 55.000 евра, колку што вреди викендичка или мал стан во Скопје.
Сопругата на Ковачевски добила земјиште од Владата на Ковачевски.
Вакви случаи за кои не се збори има милион, кој министер платен со стан, кој поткупен за да се дила слободно, кој градел дивоградби, кој краде директно од буџет, кој рекетира фирми, итн, итн.
Македонија е несреќа, украден сон за држава и нормално општество, а оние кои мислеле и правеле добро се претворени во несреќни луѓе, без ништо и без иднина.
Каков крај…, пишува Мицковски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.