Најбедно е што апологетите на катастрофално поразената власт, луѓе кои беа соучесници во клиентелистичкиот и кастински систем на лажна демократија и прогресивност, сега го дупат во мозок народот дека пред се гласал националистички. Ова се новите плачипичкарски дискурси и оправданија од едни исти платеници, коментира Ивор Мицковски.
И да е така имало зошто е така, ама таа анализа е препроста, преплитка и прекомотна.
Народот гласаше против неспособноста на “надежните”, против нивното лицемерие и ароганција, нивните лажни реформски и европски политики, нивното немање компас, систем и идеја, против нивното непочитување на нашите посебности, поради дрскиот криминал, корупција и непотизам.
И сега истите тие неспособњаци ќе ја спасувале опозицијата, социјал-демократијата и либералното општество.
Треба да си заминат засекогаш, а со нив да си ги понесат и апологетите чиј збор не вреди пет пари.
Конечно, соучесници се во истата политичко-општествена катастрофа и дебакл, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.