Ивор Мицковски, политичкиот аналитичар смета дека по изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена, власта треба да си даде неотовиклива оставка.
Да се надоврзам на вчерашниот коментар зошто одиме назад наместо напред и зошто ќе бидеме во последниот вагон за ЕУ.
Нашата Влада измисли лажен наратив на само потреба од уставни измени и ништо друго, па уште лицитираа со години, влез во 2030, море во 2025. Будали!!!
Од Тирана им беше порачано: само со реформи до напредок кон ЕУ и до пари.
Денес пак, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена.
Сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство.
Ги поздрави и лопурдите од верските заедници и лопурдите од Владата кои се во заедничка лоповска спрега и во заемен интерес да го држат народот во џамахирија или средновековна ортодоксија.
Секако, не изостана и прашањето: А где су паре лопови?! Каде отидоа парите на нашите даночни обврзници, прашува Коп.
И како шлаг на тортата: „ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“.
Ало Фалц Европејци, после ваква оценка и загрозување на евроинтеграциите, треба да си дадете колективна оставка.
Може и во манастир или џамија да се сокриете, затвор и онака не одите, вели Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.