Најголемиот губитник на првиот круг на изборите за претседател на Република Македонија е можеби и најзаслужниот за уништивањето на СДСМ и Македонија, Оливер Спасовски. Кумановецот и носител на листата на СДСМ во ИЕ 2, Оливер Спасовски, не ѝ помогна многу на својата партија во родниот крај за време на првиот круг на претседателските избори. СДСМ не само што загуби двојно од довчерашниот сопартиец и актуелен градоначалник Максим Димитриевски, туку и со неколку илјади гласа остана зад Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.
Особено ми е драго за поразот на оваа штеточина и неспособник.
Можеби најзаслужниот за поразот, селачизмот и уништувањето на СДСМ и Македонија.
Човек кој своерачно создаде трета опција, коментира Ивор Мицкоски на Фејсбук за Спасовски.
Ден пред изборите, за време на молкот, Спасовски преку „Фејсбук“ порача дека „само две недели нѐ делат од големата одлука, од изборот меѓу надеж и безнадежност, меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација“.
Ова е втор удар за Спасовски, кој сметаше дека има доволно голем рејтинг за да биде токму тој кандидат на СДСМ за претседател на Македонија. И пред 3 години, на локалните избори требаше да му стане јасно дека го изодил политичкиот пат кога СДСМ за првпат во плурализмот го загуби Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.