Откако МКД.мк објави резултати од анкета, спроведена на нивно барање, со која ВМРО-ДПМНЕ има далеку повисок рејтинг од СДСМ, А лидерот на опозицијата Мицкоски има четирипати повисок рејтинг од неговиот противник и актуелен премиер Димитар Ковачевски, Фокус најави нова анкета со која Ковачевски е најпопуларен политичар во земјава. Аналитичарот Ивор Мицкоски, поранешен истакнат член на СДСМ, со коментар:
Се претера и со анкетите.
Да објавиш анкета дека Ковачевски е најпопуларен политичар, па уште дека тоа е заради резултатите од справувањето со економската и енергетската криза, кризи кои уште траат, кои го исџедија буџетот и го осиромашија народот е стварно да дупиш цела земја у здрав мозок.
Треба да се има малце осет и во нарачките и во испорачките.
И мали деца знаат каков пепел се и премиерот и партијата му.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.